Сергеј Четковиќ го минува најтешкиот период во животот. Откако ја погреба својата мајка Драгица, која почина од коронавирус на неговиот роденден, 8 март, почина и таткото на пејачот Слободан.
Таткото на пејачот беше во болница поради коронавирусот, и водеше битка која за жал, не успеа да го добие. Сергеј се огласи на социјалната мрежа Инстаграм и расплака многу свои фанови со шокантен пост, кој го пара срцето и распарчува душата.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/majkata-na-sergej-chetkovikj-pochinala-od-koronavirus-a-ja-pogrebal-na-negoviot-rodenden/
„Колку и да се обидува човек да се подготви, колку и да е силен, не можете да се подготвите за некои работи. Не минува! Боли и боли и боли … Ми велат дека сè ќе биде добро, дека тоа е процес, како и самиот живот. Во моментот кога ќе се збогувате со родителите, ја сфаќате таа болна, студена вистина. Дека повеќе не сте дете. Ја нема повеќе таа родителска грижа, вознемиреност, радост, несебична љубов … Го нема повеќе тој што ме донесе на овој свет и оној што ме сакаше, ме бранеше и ме научи на живот“.
„Драга мајко, иако први си замина од нас, одеднаш и без најава, знаев дека тој нема да те пушти да заминеш сама. Сепак, вашите души беа врзани на овој свет премногу долго за да ви дозволат да ја прошетате последната прошетка сами. Како што се заколнавте пред 50 години на љубов, дека ќе бидете заедно додека смртта не ве раздели, овој пат ја победивте и самата смрт. Одлучивте да останете прегрнати во вечноста. Ви благодарам што денес плачеме по вашата добрина, љубезност, несебична љубов, тажни што повеќе ве нема и среќни што имавме такви родители и што ни оставивте толку многу убави спомени. Сега, вози драг тато. Вози го твоето последно рели, собори го последниот рекорд знаејќи дека таа те чека таму на последниот свиок, со насмевка заедно да влезете во портите на рајот.
Ангелите нека ве чуваат под своите крилја и нека драгиот Бог ве прими во неговото небесно царство. Нека ви е вечна слава и благодарност. Вашите синови Игор, Сергеј и Срѓан“ – напиша црногорскиот пејач на својот Инстаграм.
Фото:Инстаграм принтскрин/cetkovics