Лепа Брена тешко да ја поднеува ситуацијата со коронавирусот, поради тоа што не може да има настапи, но и да ги гушне своите најблиски. Покрај тоа, таа посочува дека е особено внимателна поради тромбозата, која неа ја класифицира во загрозената група граѓани.
Оддамна научив дека проблемите треба да се решаваат со ладна глава. Не ме фаќа паника. Кога првпат дознав дека имам тромбоза, проучував сè до детали и бев редовен пациент. Навикната сум да живеам така, знам што не смеам да пијам и да јадам, како и како треба да ми се одвива животот според здравствените протоколи“ – рече Брена и додаде:
„Научив да живеам според правилата и да бидам среќна. Ова со сите безбедносни мерки поради вирусот е ментален напад врз сите нас. Но, оваа социјална дистанца е за мене емотивна оддалеченост од сите луѓе што ги сакате, а кои не можете ни да ги прегрнете“ – додаде пејачката.