По подолга пауза, братско-сестринскиот авторски тандем Глигор и Теодора Гошеви, кој ја предводи гевгелиската група „The G Notes“ која зад себе има 7 песни испеани на англиски и на македонски јазик, се огласи со нова песна. Нејзиниот наслов е „Shine On Me“, а таа и овој пат таа е испеана на англиски.
По промоцијата на „All I Need Is You“, гевгеличаните најавуваа издавање двоен, македонско-англиски албум чие излегување не се случи или барем не осамна таква вест во пошироката јавност.
Како и да е, новата „Shine On Me“, звучи како проверена акустична, американска кантри балада, во која покрај лесните ноти проследени со звуците на гитарата, клавирот и ритамот, доминира певливиот рефрен и пријатниот вокал на Теодора.
Како автори на новата песна се потпишуваат Глигор Гошев (музика и аранжман) и Теодора, која покрај вокалните делници ги напишала и стиховите за песната.
„Shine On Me“ нее визуелизирана со класичен спот, туку е проследена со едноставно, но симпатично лирик видео, кое визуелно колоритно го бои музичкиот амбиент и атмосферата што го создава песната.
Како сето тоа спакувано изгледа и звучи, дознајте во продолжение.