Радио Милева изгледа изгубено

Први фотографии од Кејт Мидлтон по интервјуто на Меган и Хари – сите зборуваат за нејзиниот израз на лицето (фото)

Први фотографии од Кејт Мидлтон по интервјуто на Меган и Хари – сите зборуваат за нејзиниот израз на лицето (фото)

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон била фотографирана со загрижувачки израз на лицето еден ден по интервјуто на Меган Маркл и Хари.

Имено, Кејт е фотографирана во автомобил во близина на својот дом, фановите коментираат дека изгледа замислена и со загрижувачки израз на лицето.

„Изгледа потполно изгубено“, е коментарот кој начесто може да се прочита под фотографиите.

фото: Профимедиа/МЈ/пиктуреш/бакгрид/бакгрид ук

Во интервјуто за Опра Винфри, Меган откри дека Кејт Мидлтон ја расплакала во една прилика.

Се зборуваше за односот меѓу Меган и Кејт, а Опра ја праша за гласините дека војвотката од Сасекс ја расплакала војвотката од Кембриџ за време на пробите за девојките кои носеле цвеќе на венчавката.

фото: профимедиа/Ben Cawthra/ddp USA

„Беше обратно. Беше тешка недела, а таа се вознемири поради фустанот“ изјави Меган и додаде дека Кејт ја расплакала, но подоцна донела цвеќе и се извинила.

Меган истакна дека ова го кажува не со цел да понижи и навреди некој, туку да се знае вистината.

„Таа е добар човек“, изјави Меган.

To top