Добрила Ивановска Чабриќ од Дојран на јавноста и стана позната по нејзиното учество во регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“ каде што со својата енергија, харизма, талент…успеа да го освои регионот.
Уште со првото појавување на музичката сцена на „Гранд“, таа ги освои присутните и беше наречна “чудо од баба“.
Добрила по победувањето во „Никогаш не е доцна“ стана омилена меѓу регионот и инспирација на многумина жени.
На своите 94 години таа вози автомобил.
Добрила деновие беше гостинка во „Магазин“ на Сител телевизија каде што зборуваше за својата кариера, својот живот, а раскажа и една случка која и се случила додека се враќала од Србија.
Добирла раскажува дека била во центарот на Белград и дека било 16ч кога нејзините и се јавиле дека до 20часот мора да биде во Македонија бидејќи се затвараат границите поради пандемијата со коронавирусот.
„Јас набивам 130-140, и кај Лесковац, една кола беше пред мене, а беше веќе пред стемнување, и нагло застана, и јас за да не го удрам, нагло на лево, бам во банкина, одзади ми ја удри колата тој, па на десно, па на лево, и отидов во трева. Застанав, и почнав да се тресам. Значи, толква рефлекс и таа брзина, да не го удрам човекот. Кога гледам доаѓа и ми вели: Абе, сестро, дали си заспала ти?“ Абе, како заспала, ти застана. Абе, на мене ми се дупна гумата- вeли тој. Јас се тресев. И, си тргнав полека, и оттогаш јас повеќе од 80-90 не возам“, раскажува Добрила.
Потсетуваме, Добила во 2018 победи во регионаното музичко шоу „Никогаш не е доцна“.
Целото интервју за Магазин може да го погледнете подолу.