По интервјуто на Меган Маркл и Хари кај Опра Винфри, се огласи и таткото на Меган, Томас Маркл.
Во екслузивно интервју за „Good Morning Britain“, тој ги демантираше тврдењата на Меган од 2018 година дека ја издал својата ќерка пред свадбата. Тој истакна дека ја сака, дека сака да се смири со неа и дека секогаш ќе биде тука за својата ќерка.
Меѓутоа, потоа проговори и за зетот Хари и за негативните коментари кои ги добива од јавноста.
„Сите правиме грешки. Но, јас никогаш не се облекував како Хитлер како што тоа го направи Хари“, изјави Томас мислејќи на скандалот на Хари во еден хотел во Лас Вегас и облекувањето на Хари во униформа кога имал 20 години.
По изјавите на Меган Маркл дека во кралското семејство се дискутирало за бојата на кожата на нејзиниот син, Томас Маркл тврди дека ни кралското семејство, ни Британците не се расисти.
Во оваа прилика, Томас уште еднаш истакна дека сака да се смири со ќерката.
„Сакам повторно да кажам, жал ми е што го направив тоа. Тоа беше пред две години. Се обидов да дојдам до неа. Сега сме одалечени 112 километри. Никогаш не престанав да ја сакам. Не се согласувам со се што прават моите деца, но секогаш ќе ги сакам. И секако ја сакам Меган“, заклучи Томас.