Во светот вчера се славеше „8ми март“ или „Меѓународниот ден на жената“.
Овој ден главно се одбележува со подарување подароци на припадничките на понежниот пол односно на сопруги, мајки, баби, колешки, тетки….
Македонските јавни личности се обратија преку социјалните мрежи и го честитаа празникот на жената, а некои од нив се пофалија каков подарок добиле за “8ми март“.
Водителката Бубе Јаневска во кусите приказни на „Инстаграм стори“ се пофали каква честитка добила од нејзината ќеркичка.
Имено, таа се пофали дека добила честитка изработена од хартија.
На насловната страница има цвеќе изработено од хартија, а внатре во честитката има песна за мајка.
„Среќен 8ми март мила мамо“, држи во рацете наследничката на водителката.
Сигурно овој гест го стопи срцето на Бубе и е горда на својата ќерка.
Потсетуваме, Јаневска пред некое време започна режим на исхрана и ја доведе својата линија до совршенство.