Емина Јаховиќ се вклучи во утринската програма на „Прва“ каде, меѓу другото, зборуваше за проблемите што ги има со нејзиниот поранешен сопруг Мустафа Сандал.
Емина и Мустафа се разведоа пред три години, а пејачката неодамна одлучи да открие дека нејзиниот поранешен сопруг и должи голема сума пари, бидејќи тој по разводот не ги подмирувал редовно своите обврски.
Како што вели, правдата ја барала на суд.
– Тажно е што по две и пол, три години, имаме некои проблеми. Вистина е дека имаме проблеми, оставив на судот да ги реши вели Емина.
– Што се однесува до финансискиот сегмент, тој е тука за децата, но требаше да исполни некои други работи, и не успеа. Тој не го сфати тоа сериозно очигледно. Тука законот сериозно ги штити жените, што е многу добро и верувам дека сè ќе биде во ред и дека на крајот ќе постигнеме договор – додаде пејачката.Да потсетиме, Емина неодамна рече дека Мустафа не подмирил одредени обврски кон неа, како што е плаќањето на нејзиниот возач.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/emina-jahovikj-shokirana-od-sluchkata-pred-bolnichkiot-shalter-otkri-deka-bivshiot-soprug-mustafa-sandal-i-ostanal-dolzen/