Радио Милева обара рекорди

Ибра одново ја направи мегапопуларна: Песната на Нада Топчагиќ со која Ибрахимовиќ се појави на годинешниов Санремо, „растура“ во Италија (ВИДЕО)

Ибра одново ја направи мегапопуларна: Песната на Нада Топчагиќ со која Ибрахимовиќ се појави на годинешниов Санремо, „растура“ во Италија (ВИДЕО)

Песната „Јутро је“ на Нада Топчагиќобара рекорди по слушаност во Италија, Таа  стана многу популарна особено во провинцијата Ломбардија, благодарение на Златан Ибрахимовиќ, кој годинава како специјален гостин се појави со звуците таа песна додека излегуваше на сцената на фестивалот „Санремо 2021“.

Пред овој гест на славната фудбалска „ѕверка“, сигурно никој не слушнал за нада Топчагиќ во Италија, а уште помалку за нејзиниот хит од почетокот на деведесеттите години. Кога Златан излегуваше на сцената на Санремо со ритамот на „Јутро је“, Италијанците веднаш започнаа да пребаруваат на Гугл за која песна станува збор.

Така,  песната на Нада се пееше околу сто пати само во Ломбардија таа вечер, според податоците од најпопуларниот интернет пребарувач. Пејачката сè уште не може да се освести од шокот и му е благодарна на Ибрахимовиќ што ја направи сензација на глобално ниво.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/nada-topchagikj-niz-solzi-otkri-nepoznati-detali-za-ibrahimovikj-video/

Таа пред неколку дена за српските медиуми изјави дека не може лани да сонува дека ќе доживее таков ден во нејзиниот живот.

„Замислете ова да и се случи на српска пејачка? Па секој би бил горд. Нема кој не ми се јави потоа, сите само зборуваат за тоа. Една таква спортска величина да се појави на сцената на Санремо со мојата песна е несекојдбевна чести задоволство. Мислам дека никој од музичарите од овие простори не го доживеал тоа. Едната е Нада“ – рече Топчагиќ.

https://www.youtube.com/watch?v=Y9f0HuJBP_U

To top