Според двегодишно истражување на научници од САД титулата за најсовршеното женско тело во светот ја понесе 38-годишната британска актерка и модел Кели Брук.
По двегодишно истражување на Универзитетот во Тексас веќе испитаници одговарале на прашањето кое женско тело денес може да се смета за стандард на физичка убавина. Истражувачите во предвид ги зеле пропорциите на телото, должината на косата и обликот на лицето.
Еден од најважните фактори кои влијаат на исходот била атрактивноста на женската фигура во машките очи.
Според зборовите на ко-авторот на студијата Хауард Мајтс, Брук е сосема природна – таа не направила никаква естетска хирургија или друга трансформација.
Од друга страна, многумина останаа во шок по изборот бидејќи обично други имиња влегуваат во овие листи.
Брук дури и во едно интервју објасни како тинејџерка постојано била мета на потсмев, бидејќи сметале дека е дебела.