Радио Милева заљубени како тинејџери

Дара Бубамара се мажи за 24 години помладото момче?

Дара Бубамара се мажи за 24 години помладото момче?

Пејачката Дара Бубамара наводно планира да се омажи 24 години помладиот Тони.

Парот наводно започнал да живее заедно во станот на Дара, а наводно планираат да ја официјализираат својата врска и да се венчаат, пишуваат српските медиуми.

Наводно нивната свадба ќе биде на 7 јули, на годишнината од нивната врска.

„Тони се пресели во нејзиниот стан. Иако и тој има недвижности, одлучија да живеат кај неа за да не го сели синот Коста кој го доби од бракот со Милан Кесиќ. Дара има стан во Белград, па и Тони често е кај неа. Ако продолжат да функционираат вака добро, се договорија да се венчаат на годишнината од врската“, вели извор.

фото: принтскрин/инстаграм

„Толку многу е заљубена во Тони, па сака со него да формира и семејство. Тој е многу млад, но сака дете со Дара. Нема да ме изненади ако Коста наскоро добие брат или сестра“, вели соговорникот за српските медиуми и додава дека парот се однесува како заљубени тинејџери.

фото: принтскрин/инстаграм

„По цел ден се смеат, има неверојатна хемија меѓу нив. Многу се сакаат. На Дара и беше важно нејзиниот син да го прифати Тони. Тие станаа најдобри другари“, вели изворот и вели дека Дара ги изржувала претходните момчиња, а овој пат Тони ги платил сите луксузни патувања.

„Го прошетаа пола свет. Беа на Малдивите, Турција, Дубаи, Занзибар, Монте Карло, Грција, Хрватска…Сè тоа го плати Тони, а Дара беше воодушевена“, тврди изворот.

фото: принтскрин/дамир дервишагиќ

Пејачката се уште не се огласи по повод овие пишувања.

To top