Старлетата Тара Симов и раперот Ненад Алексиќ – Ша прават секојдневно хаос во реалното шоу „Задруга 4“, па нивната врска осцилира од љубов до омраза. Според српските медиуми, овие двајца започнале љубовна врска уште минатото лето, а Ша сега се плаши дека Тара ќе и ја открие на јавноста, па секој пат откако ќе побегне се враќа кај неа, за Тара да не го издаде, иако неговата сопруга Ивана веќе му побара развод.
„Ненад и Тара имаа секс кратко време откако се сретнаа за време на едно излегување, каде што беше и неговата сопруга Ивана. Тие знаеја дека ќе се сретнат во „Задруга“ и ќе поминат неколку месеци заедно таму, а сега целиот регион е сведок дека тие се болно заљубени еден во друг. Ова се обидоа да го сокријат од јавноста, но очигледно не им успева. Емоциите не можат да се сокријат“ – открива извор за српски „Ало“.
Инаку, оваа недела на забавата, 20-годишната Тара и нејзиниот „пријател“ Ша се скараа заради нејзиното агресивно однесување, по што тој се обиде да избега од имотот скокајќи од покривот, но набрзо се врати и се прикраде во нејзиниот кревет.
„Тара ќе ме уништи! Бегам од неа“ – им рече Алексиќ на задругарите кои го гледаа додека претрчуваше по покривот на шталата, но откако се смири, реши да се врати кај својата драга… „другарка“!