Македонскиот ракометен репрезентативен голман Борко Ристовски и неговата сопруга, убавата кумановка Николина станаа за прв пат родители. Нивното долгоочекувано и долгонајавувано машко чедо, малиот Душан, дојде на свет. Тие беа во врска две години, а се венчаа дури во почетокот на годината, откако Нина беше во поодмината фаза на бременоста, по враќањето на Борко од Светското првенство во ракомет во Хрватска!
Откако се дозна дека носи машко дете, уште нероден синот доби име, кое Борко заедно со неговите срцеви отчукувања дури и го испиша на патиките со кои бранеше на ЕП.
„Предлогот за името беше мој, а Николина го прифати. Мојот покоен татко се викаше така. Сакавме во името на нашиот син да има симболика, значење“ – изјави тогаш во една прилика Борко.