Пејачката Сара Мејс откако стана мајка ужива во родителската љубов со ќерката Илина.
Сара и нејзиниот сопруг Димитар Атансовски во 2018 година за првпат станаа родители.
Парот, за разлика од многу други, не ја криеше наследничката, па неколку дена по породувањето ги објавија и првите фотографии од новиот член на семејството.
И ден, денес тие знаат често да споделат заеднички фотогафии, заеднички моменти и да покажат како го поминуваат времето заедно.
Така, често знаат да објават фотографии додека се на некоја прошетка, или како го поминуваат времето во својот дом….
Овој пат, Сара на профилот на „Инстаграм“ објави неколку фотографии на кои позира со наследничката.
Двете, насмеани и со позитивна енергија ги освоија симпатиите на нивните следбеници кои не останаа должни да остават позитивни коментари.
Инаку, неодамна Сара во „Жешко столче“ призна дека еден период нејзиниот брак бил во криза. Нивната ќерка Илина во септември оваа година ќе наполни 3 години.
Ќе се согласите дека мајката и ќерката изгледаат преслатко!