Откако кон крајот на септември минатата 2020 година бо бројно присуство на афирмирани артисти, музички експерти, колеги, пријатели и новинари во средата во кафулето „Каза бар“ во Скопје беше промовиран новиот музички проект на македонскиот артист Борис Цветановски кој на интернационалната музичка сцена се престави со псевдонимот Ris Flower со дебитантската тема „Translucent“, еве го и второто парче од проектот кое денес, 03. март 2021 година беше промовирано во етерот со видео под наслов „Set Me Free“.
Ris Flower со творењето на привлечни популарни теми и заразни мелодии, отпеани на англиски јазик, се обиде да создаде производ кој неоспорно ќе има капацитет за достигнување на светските плејлисти.
Мистериозните текстови споени со музичките теми кои би допреле до секој, го дефинираат Ris Flower како инди-поп артист со машавина, од рок, денс-рок, пост-брит поп и инди-хаус елементи, споени во еден своевиден оригинален микс.
Снимањето и обработката на овој музички проект се направени од врвни и докажани продуценти во едни од технички најопремените и модерни музички студија во Турција, додека ангажираните музичари и продуценти за овој проект се всушност соработници на најголемите турски ѕвезди како Таркан, Мустафа Сандал, Сертеб Еренер и многу други.
Како продуценти и автори на аранжмани во овој проект се јавуваат Павле Васиљевиќ и Мустафа Чанбазлар, Арикан Сиракаја – микс и мастеринг (Studio Ari).
Музиката и стиховите за „Set Me Free“ се напишани од Ris Flower (Борис Цветановски) и Павле Васиљевиќ, кој е и аранжер на темата, како и музички продуцент заедно со Борис Цветановски, Мустафа Чанбазлар и Арикан Сиракаја, чии се и миксот и мастерингот, а сето тоа е изработено во студиото „Ари“ во Истанбул.
Видеот за песната е уредно и режирано од Бруно Вељановски, додека како директор на фотографија се потпишува Борис Ралев.
Во спотот покрај Ris Flower (Борис), уште свои улоги имаат и Ана Ежова, Ана Марија темелковска, Ана Ковачева и Кристијан Лафазановски, а спотот е сниман на локација во скоспскиот хотел и спа Парк.