Ученисичката во „Ѕвездите на Гранд“, Валентина Кузмановиќ крена голема прашина кога неодамна ја отпеја песната „Весели се српски народе“ и многумина тоа го сфатија како провокација.
Меѓутоа, пејачката вели дека не обрнува многу внимание на тоа туку дека е фокусирана на поддршката која ја добива од сите страни во светот.
„Сакав публиката да слушне нешто поразлично од песните кои се пееја во натпреварувањето. Конкретно, етно музиката ја чувствувам со душа“, вели Валентина за „Ало.рс“ и продолжува:
„Имам 19 години и сама научив како треба да се сака мојата земја. Криво ми е што Балкан е такво подрачје каде што луѓето постојано се расправаат околу нацијата, верата и војните, како кој имал повеќе жртви, а од друга страна никој не мисли за тие жртви. Родителите ме научија да ги почитувам другите народи и вери, како и да ширим љубов, а не омраза“, вели пејачката.
Менторка на Валентина е Марија Шерифовиќ со која има одлична соработка.
Таа истакна дека по изведувањето на спомнатата песна добила поддршка од бројни јавни личности.
„Не можем да опишам. Драго ми е што добив реакција од бројни личности како што се Ана Севиќ, Јелена Костов, Милан Динчиќ Динча, Слоба Радановиќ….Ме поддржа и Вељко Ражнатовиќ кој и самиот промовира родољубие, а тоа ми е посебно драго“ откри Валентина.