Сека Алексиќ станува ТВ водителка?! Пејачката работи напорно на своето телевизиско шоу, кое ќе се занимава со кулинарство, односно готвење. Како што се дознава, емисијата ќе се вика „Мајка и снашка“. Сека е целосно посветена на новиот проект.
„Ден и ноќ работи на сценариото со свите соработници, дури и ја дизајнира и сценографијата. Во шоуто, жените ќе се натпреваруваат со мајките на нивните сопрузи во подготвувањето храна. Сека Алексиќ ќе го води ова шоу рамо до рамо со познатиот готвач Радомир Раша Влачиќ“ – ја започнува приказната извор близок до пејачката. Тој додава дека Сека не сакала веднаш да ја прифати оваа работа.
„Долго време размислуваше дали ова е вистинскиот потег за неа, но бидејќи во моментов нема настапи поради коронавирусот и има вишок време, таа реши да ја прифати поканата. Нејзина најголема поддршка е сопругот Вељко, кој е воодушевен од нејзините готвачки можности и умешноста со која ги подготвува кулинарските специјалитети“.