Сама, напуштена, со скршено срце, разочарана во љубовта… на работ на очајот! Вака некако може да се опише емотивната состојба која поп пејачката Наташа Малинкова се обидува да ја долови глумејќи во видеоспотот, следејќи ги стиховите на својата најнова песна, насловена „Ако грев е што те сакам“, чија промоција е токму денес, вторник, 3-ти април 2018 година.
Се работи за ар-ен-би поп балада во чие видео изработено од битолската „Веста продукција“, очигледно емоцијата ја заменила дозата на еротичност која ја имаа нејзините претходни спотови и фотосесии, која и во овој сосема не е занемарена, но е претставена на еден поинаков, поемотивен, попатетичен начин, кој е многу поблиску до чистата уметност отколку до соголената еротика.
Инаку и овој пат комплетен автор на песната (музика, текст, аранжман) која е апсолутно зрела како во својот музички израз, така и во стандардно добрата вокална изведба на пејачката, е нејзиниот стар пријател и соработник Столе Аврамов, кој се потпишува и како музички продуцент на истата.
Како звучи и изгледа Наташа Малинкова во „Ако грев е што те сакам“, проследете во продолжение: