Во петиот круг на „Ѕвездите на Гранд“, настапуваше македонската кандидатка Сања Тодоровиќ од Скопје.
Сања пееше во дует со Лука Мишкулин.
Македонката се претстави со песните „Магија“ од Јелена Карлеуша и „Размазена“ од Јелена Розга.
По интерпретациите на двата кандидати, Сања доби четири гласа и замина во бараж, но жирито беше разочаран од нејзиното пеење.
„Невкусно во првата песна,тоналитетот си го прилагоди на себе, но упорно викаш. Беше непријатно и неубаво, не ми се допадна“ изјави Марија.
„Сања, мене ми се допаѓа како ти пееш, покажа дека одлично пееш, но вечерва нешто не беше добро“, изјави Ана Бекута.
И Драган Стојковиќ Босанац имаше критики за Тодоровиќ:
„Сања ти пееше како на воз кој веќе тргнал, се беше неуредено“, изјави Босанац.
Саша Поповиќ и даде глас на нашата претставничка за да може да помине во бараж, но за жал таму не помина и ги напушти „Ѕвездите на Гранд“.
По нејзиното испаѓање, Сања се огласи на социјалните мрежи откривајќи што се случила таа вечер кога настапуваше и дали повторно ќе се врати на сцената.
„Ви благодарам на сите за огромната поддршка, за секој убав коментари и секоја критика. Верувајте вашите пораки ми значат повеќе од било што. Тоа ми е мотив само да продолжам понатаму и никогаш да не се откажам. Жално е што некои работи се знаат пред време и не зависат од нас….За мене ова беше големо искуство, но шоуто како што е „Ѕвезде Гранда“ не е за мене, да не кажам не ме заслужува и не планирам да се вратам на таа сцена. Стремам кон нешто поголемо. Благодарна сум на вас, на луѓето околу, моите најблиски. Сите вие бевте со мене овие 3 години и кога бев добра и кога грешев. Јас сум пресреќна и презадоволна што останавте со мене до крај. Ве сакам“, започна Сања.
„Многумина ме прашуваат што се случи синоќа? Се случи да излезам од зоната на комфорот, но не се променив, кој ме следеше ќе забележи. Зошто испадна? Е на тоа прашање немам одговор, ниту жирито не даде конкретен одговор како и во претходната сезона, да не зборувам за тоа дека коментарите се скратени…..“, продолжува Сања.
„Што се однесува до изборот на песни, секогаш бирав песни кои не се пеени, бев поразлична. Песната „Магија“ требаше да се почувствува и кој тоа не го знае, нема да го цени и мојот настап“, пишувања Сања во соопштението.
„А сега да објаснам што навистина се случи. Се случи дека ми ја сменија матрицата за втората песна 8часа пред тонската проба со објаснување дека во оригиналната матрица со која се подготвував за настапот 2 месеци се слуша Розга и тоа не смее да се случи, а притоа таа матрица веќе еднаш беше на „Гранд“. На пробата микрофонот ми беше намален и ништо не можев да слушнам, на самиот настап го исекоа крајот на првата песна и во бараж го пуштија оригиналот од втората песна. А демек не можеше таа матрица“.
„И покрај сите тие бариери јас успеав да се изборам и одлично да се претставим како аматер. И се што добив беа смешни коментари. Добро се слуша уште во првата песна – „Нека ја ќе испадне“. Се прашувам зошто воопшто пеев кога веќе се знаеше однапред?“. Но, одоговорот е – за вас“.
„И сега кога го пишувам ова, не знам дали ми е смешно или трагично. Правиш се како што треба, трпиш тортури поради килограми, ќе се промениш и ништо. Зошто? Затоа што секогаш се бара „нешто повеќе“. Тоа “нешто повеќе“ овојпат не можев да го дадам. Јас отидов да го покажам својот талент и го покажав, а тоа го докажуваат и пораките. Јас сум презадоволна за ова големо искуство и за сите прекрасни луѓе кои ги запознав додека се натпреварував. И секако што ве имам вас кои препознавте која сум и што можам. Затоа ви благодарам до небо. И да, јас никако не планирам да се откажам. Никогаш“, заклучи Тодоровиќ.
Инаку, Сања оваа година беше под менторсво на Јелена Карлеуша.
фото: принтскрин/инстаграм/сања тодоровиќ/тодоровиќ.с