Радио Милева тажна, но горда...

Калиопи веста за заминувањето на Балашевиќ ја затекна во Белград: „Се чувствувам како мало дете на кое му го одземале детството“

Калиопи веста за заминувањето на Балашевиќ ја затекна во Белград: „Се чувствувам како мало дете на кое му го одземале детството“

Како и многумина и  Калиопи тешко ја прими веста за заминувањето на легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ. Оваа вест ја дочекала за време на нејзиниот престој во Белград, каде и се збогуваше од него.

„Замина уште една човечка величина, овој пат крунисана со вистинитоста на стиховите што засекогаш ќе сведочат за него, за нас и за нашите животи … Во неверување ја примив веста за вечното заминување на Балашевиќ … збунета. Како мало дете на кое му беше одземено детството … Тој беше дел од мојата младост, моето растење, стекнување мудрост, поет на кој му верував …“ –  изјави познатата македонска пејачка за српски Курир и додаде:

„Во Белград ме затекна веста… И токму таму ќе се збогувам со него. Во земјата што ни го даде на нас … на сите нас … Македонија отсекогаш го сакаше, а и тој исто така ги сакаше своите Македонци … Јас сум многу тажна, но и бескрајно благодарна што живеев во неговото време. И оддавам почит на неговата поетска душа, која сега патува до вечноста. Таа исто така се збогуваше со кантавторот преку Инстаграм, цитирајќи ги стиховите од неговата песна „Напослетку“.

Фото: Инстаграм принтскрин/kaliopi_official

 

To top