Радио Милева помина во следен круг

„Браво Мими, беше маестрална“: Мими Јовановска повторно го воодушеви жирито во „Ѕвездите на Гранд“ (видео)

„Браво Мими, беше маестрална“: Мими Јовановска повторно го воодушеви жирито во „Ѕвездите на Гранд“ (видео)

Во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“, настапуваше и Мими Јовановска од Велес.

Мими беше во дуел со Немања Ѓурѓевиќ. Македонската кандидатка која е под менторство на Џенан Лончаревиќ се претстави со песните „Циганка је мала“ и „Катерино моме“.

фото: З.К Муња. Д. Милошевиќ

По нејзината интерпретација Мими  доби вкупно пет гласа и се пласираше во следниот круг.

Александар Милиќ Мили не и даде глас на македонското девојче, па објасни зошто тоа е така.

„Мими, не ти дадов глас затоа што фанстатично  влезе во песната, а кога требаше да „загризеш“, не загриза. Твојот ментор е еден од најдобрите на Балканот и да го послушаше никогаш немаше да имаш таква грешка, јас тоа го препознав и затоа не ти дадов глас, за да ти укажам на грешката“, изјави Мили.

фото: принтскрин/јутуб

„За мене таа има глас како виолина, прекрасен кристален глас како инструмент“, изјави Карлеуша за Јовановска.

Ана Бекута и Ѓорѓе Давид од жирито само дофрлија дека македонската пејачка била маестрална.

Нејзиниот настап може да го погледенете во видоето на 1:30:47.

To top