Градоначалникот на Нови Сад, Милош Вучевиќ, изјави дека главниот град на Војводина ќе го прогласи денот на погребот на пејачот и текстописец Ѓорѓе Балашевиќ за Ден на жалост.
Претходно, во Нови Сад, знамињата беа спуштени на половина копје.
Стотици граѓани, обожаватели на Ѓорѓе Балашевиќ, се собраа вчера на плоштадот во Нови Сад, во чест на овој познат кантавтор, популарен во сите земји од поранешна Југославија.
View this post on Instagram
Засега не се знае местото и времето на погребот, односно се чека на семејството на Балашевиќ да ги соопшти деталите.
„Ги изгаснавме светлата во Градското собрание за да изразиме болка и тага со семејството. Ова е тежок момент, пред сè за семејството Балашевиќ, потоа за целиот град, државата и за регионот. Нови Сад сигурно нема да биде ист по неговата смрт“, нагласи Вучевиќ.
View this post on Instagram
Балашевиќ почина вчера во Клиничкиот центар на Војводина како последица од коронавирусот.