Синот на нашата најпопуларна ТВ водителка Лила Филипвска, можеби не толку е активен на социјалните мрежи како мајка си, но затоа кога тоа го прави, направено е.
Па оттука, јасно е дека крвта не е вода, а како и Лила така и Филип е одличен во привлекување внимание кај следбениците и пријателите на своите профили.
Наследникот на Лила се почесто можеме да го видиме на јавни случувања во нејзино друштво, што дополнително ги прави атрактивни кога се еден до друг меѓу јавноста.
Пред само некој ден беше 1-ви април, Денот на шегата, па веројатно по тој повод, Филип реши да се маскира ни помалку, ни повеќе, туку во макро, баш како оние од американските филмови.
Со крзнена бунда, прстени, алки… накит кој веројатно ги позајми од плакарот на мама, а кога таа виде што направил и објавил на Инстаграм, се зачуди и се запраша:
-Што родив јас?, напиша во описот на фотографијата од својот син, која и самата ја објави на кусите приказни од својот Инстаграм.
Очигледно не само шармот, харизмата, стилот… Филип ја наследил и духовитоста од мама.