Радио Милева

Елена Миленковска го има најубавиот поглед за полнење батерии (фото)

Елена Миленковска го има најубавиот поглед за полнење батерии (фото)

Македонската пејачка и учесничка во „Ѕвездите на Гранд“, Елена Миленковска ужива со семејниот живот со сопругот Гуте Маринковиќ и синот Максим.

Пејачката е активна на социјалните мрежи и често објавува заеднички фотографии покажувајќи како го поминува времето со најсаканите.

фото: принтксрин/интаграм/елена миленковска

Овој пат, Миленковска објави преслатка фотографија од наслединикот кој за некој месец ќе наполни една година, а до објавата напиша емотивна порака.

„Дали знаете што ги полни батериите на една мајка, што создава амнезија за сите непреспиени ноќи и жолти минути, гради кули со трпение, предизвикува најискрена насмевка и создава солза радосница во окото. Еве ќе ви откријам – токму ваков призор, поглед“, напиша Миленковска покрај фотографија со наследникот.

фото: принтксрин/интаграм/елена миленковска

Инаку, Елена и Гуте се запознаа во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, а претходната година стапија во брак и станаа родители на Максим.

Неодамна, сопругот на Елена откри дека е позитивен на  коронавирус и дека во изолација, но не откри дали и Миленковска е позитивна.

To top