Радио Милева Виновникот побегнал

Трагедија:Таткото на светски познатата пејачка прегазен и оставен да умре

Трагедија:Таткото на светски познатата пејачка прегазен и оставен да умре

Таткото на славната американски раперка Ники Минаж, Роберт (64) почина кога го удри возило додека шетал по улиците на Њујорк.

Роберт Минаж бил удрен од возило, кое не запрело, а возачот побегнал од местото на настанот.

Очевидците не можеле да го опишат осомничениот, соопшти полицијата, а пренесуваат странските медиуми.

Во критична состојба бил пренесен во локалната болница, каде викендов им подлегнал на повредите.

За потсетување, раперката Ники Минаж се породи на 1 октомври со своето прво дете.

фото:профимедиа

Ники и нејзиниот сопруг Кенет Пети, кој патем, поминаа повеќе од десет години во затвор за силување, сега го открија полот на бебето.

“Благодарност до сите други кои ми испраќаат добри желби во ова време. Тоа ми значи многу. Јас сум многу благодарна и за вљубена во мојот син. Лудо заљубена …”, напиша Ники.

To top