Водителката Александра Илиевска се породи на 23 јануари и на свет ја донесе ќерката Сара.
Александра во интервју за ммс.мк проговори за нејзината бременост, дали нејзиниот сопруг присувствувал на породувањето, како го одбрале името Сара и колку ја променило мајчинството.
На Александра и Александар ова им е прво дете, а таа вели дека нејзиниот сопруг Александар не присуствувал на породувањето, но веднаш потоа заедно со докторот и мидицинскиот персонал му испратиле фотографија за да му покажат дека се е во ред.
Водителката за својата наследничка го одбра името Сара, а како што вели добила подарок со книга со имиња и кога првпат ја земала ќерката во раце прво име кое и дошло да каже е токму Сара.
Илиевски вели дека кога првпат ја видела ќерката заборавила на породилните болки и од тој ден знае дека љубовта има ново име – Сара.
Инаку, Александра периодов не е дел од „Брза кујна“ , а не нејзино место е колешката Сања Савеска.
Целото интервју може да го прочитате тука.