Пејачката Александра Пријовиќ проговори за борбата со корнавирусот, сопругот Филип, но и синот Александар.
Пријовиќ откри дека неодамна прележала корона, но дека се уште не и се вратило сетилото за вкус и мирис.
„Имав болка во синусите, ми исчезна сетилото за вкус и мирис. Помина еден месец, но не ми се вратија ни вкусот ни мирисиот, слушнав дека не се враќа и по еден месец. Меѓутоа, полека сега се враќа“ изјави Пријовиќ во емисијата „Премиера викенд специјал“.
Таа проговори и за нејзиниот однос со синот Александар и откри дека е „љубоморна“ што тој сака повеќе време да поминува со татко му.
„Мени ми беше супер со синчето. Јас бев навикната да патувам, но ќе ми биде тешко да се вратам на тоа. Тој е копија на татко му, јас не можам да верувам дека толку многу личи на него. Тврдоглав е на мене. Поврзан е со двајцата, но сега наиде на таков период да сака повеќе да е со татко му. Па, ќе го фати период да сака само со мене. Често сме тука, иако Филип повеќе е зафатен, па кога тој ќе дојде, јас одам. Љ убоморна сум. Мислев дека синовите повеќе се поврзани со нивните мајки, но не е таков случајот со мене. Ќе мора да родам ќерка. Не е во план, но би сакала. Тој е активно дете, гледам да одиме во игротеки, да шетаме, да не биде дома. Тој имаше температура, веднаш помислив дека е Ковид, па направивме крвна слика, па ЦРП-то му беше малку големо, изгледа имаше воспаление, многу се исплашив, но за среќа не беше ништо“, вели Александра.
Пејачката откри дека и значат советите на Филип, но и што научила од целата ситуација.
„Тој е стабилна личност, постар е од мене 10 години и многу работи ме научи. Секогаш велам „здрајвето е најважно“, но кога живеете под полн гас не мислите така. Сега се тоа е на прво место. Порано кога одев кај баба ми и дедо ми, мислев каде ќе ги водам, што ќе им купам, а сега кога одам кај нив се грижам да не сум заразена“, вели пејачката.
Потсетуваме, Александра и Филип од бракот го имаат синот Александар кој оваа година ќе наполни две години.