ТВ и радио водителот Марко Новески се реши да се жени. Водителот кој го препиознаваме по многу телевизиски проекти, а моментално по квизот „Листа за 300“ на телевизија Сител, во интервју за Точка ТВ открива дека одлучил за се сврши и да ја побара саканата за сопруга.
Сепак, до официјализирање на бракот ќе почекаат уште некое време додека не се стабилизира состојбата со коронавирусот, бидејќи сакаат прослава каде ќе има повеќе луѓе.

-Се верив во мојта сакана партнерка, па кај и да е ќе правам и свадбичка, само нека помине целата оваа работа со коронава, затоа што искрено сакам со луѓе да ја направам свадбата, да биде весели и забавно. На тој план добро ми оди, барем така мислам, ќе треба и нејзе да ја прашаме, вели Марко за одлуката и својта избраничка.
Инаку, Марко Новески е доста активен корисник на социјалните мрежи, но ретко објавува моменти со саканата, кои е потешко да се видат на неговите профили.

Сепак, изминатиот период додека траеше карантинот, тој објави видеото додека вежбаат заедно, а најдовме и една каде се на романтично патување во Барселона.
Честититки!