Младата пејачка Милица Павловиќ првпат во кариерата се соочува со напади, па дури и навреди и се тоа поради една сцена во новиот спот.
Имено, како што се пишува по социјалните мрежи спорна е сцената „Косовска девојка“ со која Милица сакала да ја претстави жената како симбол на Балканот, а мажот кој ја чува како јунак.
Милица доби еден куп навреди, понижувања, но и закани.
По тој повод, пејачката се огласи со официјално соопштение.
„Последните неколку дена не молчев не затоа што немам што да кажам, туку затоа што бев запрепастена, шокирана и тажна поради тоа што се соочив со омраза од неколку луѓе кои си дадоа за право да пишуваат страшни навреди, закани…
Мојот животен пат и кариера ги одбележаа многу труд, работа и одрекувања и не сум некој кој ќе се сруши пред вакви луѓе, но апелирам до надлежните органи да се воведе закон за сајбер насилство затоа што ова низ што поминувам е токму тоа – насилство.
Можеби сум доволно силна за да ова ја уништи мојата личност, карактер и убедувања, но многу млади луѓе може да се дестабилизираат од вакви коментари кои ги оставаат луѓе без име и идентитет, со лажни фотографии и кои мислат дека имаат право своите лични нездоволства да ги изразат на еден таков начин….бидејќи тастатурата трпи се.
Апсолутно ја подржувам слободата на говор, правото на став и мислење, и немам проблем на некој да не му се допаѓа она што го работам, но во неколку дена пристигнаа повеќе од 7000 организирани коментари со желба да се наштетит на некој…
И ќе го издржам ова. Како и немилосрдното пријавување на песната поради која е забранета на Јутуб. Можам да се погледнам во очи, бидејќи стојам на земја со двете нозе, знам дека секогаш се борев на искрен начин и дека не ни помислував на никого и не направив нешто зло, расипано и лошо.
Благодарност до моите обожаватели кои се постојано со мене и ми даваат огромна поддршка и ветер во грбот. Благодарност до моите колеги кои знаат што значи сајбер насилство, колку е страшна и како може да влијае на човечката свест и не се плашат јавно да ме поддржат. И благодарам на моето семејство, пријатели и соработници “, напиша Павловиќ.
View this post on Instagram