Пејачката Александра Јанева која многумна ја нарекуваат девојка со ангелски глас, освен успеси на музички план сега ниже успеси и на други полиња.
Кон средината на месец декември, Александра го издаде својот деби албум „Отвори срце“ кој сега наиде на позитивни коментари од страна на љубителите на нејзината музика.

Meѓутоа, деновиве пејачката се заќити со уште еден успех. Имено, младата Александра освен пејачка сега официјално и стана дипломиран стоматолог.
На својот „Инстаграм“ таа објави неколку фотографии пред Стоматолошкиот факултет во Скопје позирајќи во бел мантил и со студентски индекс.

„Индекс затвори – отвори срце“, напиша пејачката покрај објавата на која држи индекс во раката.

Под фотографиите се нижеа честитки за дипломираниот стоматолог.
Честитки!