Српските медиуми на големо пишуваат дека пејачката Емина Јаховиќ се помирила со сопругот Мустафа Сандал. По многуте пишувања, таа реши да се огласи на Инстаграм со една реченица.
Таа го цитираше Пауло Коељо кој вели: Ако и понатаму мислиш на тоа, вреди да ризикуваш“.
Емина и Мустафа одлуката за развод ја соопштија пред два месеци, а изгледа дека го сменија своето мислење за крај на бракот.
Имено, тие пред неколку дена беа заедно во Истанбул да го следат натпреварот на постариот син и неговиот прв гол. Нивното заедничко појавување беше повод и за гласините дека се помирија.