Пред Светлана Цеца Ражнатовиќ, командантот на Српската доброволна гарда, Жељко Ражнатовиќ – Аркан, бил во емотивна врска со нејзината хрватска колешка, тогаш мегапопуларната пејачка во Југославија, Дорис Драговиќ. Наводно, двајцата влегле во љубовна врска кон крајот на осумдесеттите години, непосредно пред да започнат воените конфликти на поранешните ЈУ простори.
Контроверзниот бизнисмен Небојша Тубиќ – Жабац во едно интервју изјави дека најпрвин тој бил во врска со Дорис, но и дека Аркан полудел целосно по пејачката.
„Кога Аркан конечно спиеше и со неа, ми рече дека тоа бил најдобриот секс во неговиот живот! Беше целосно маѓепсан од таа жена. Ми рече дека Дорис не е ‘нормална’ жена, дека е врв над врвовите“ – раскажал Жабац.
Според извори кои биле поблиску запознаени со емотивната врска меѓу двајцата, Аркан наводно ја убедил Дорис да се пресели во Белград, а поради неа размислувал за развод од неговата прва сопруга Наталија. Меѓутоа, судбината сакала да биде поинаку и на Аркан и Дорис не им било пишано да бидат заедно. Во 1990 година, Аркан ќе биде уапсен во Двор на Уна, по што оваа љубовна двојка наводно ги прекинува сите контакти.
Три години подоцна, Аркан ја запознал Цеца, која ќе му го каже судбоносното „ДА“ во 1995 година, а Дорис Драговиќ ќе се омажи со ватерполистот Марио Будимир.