Популарната и успешна македонска манекенка Катарина Ивановска беше гостинска на јутјуб емисијата „Жешко столче“ каде меѓу другото водителот и постави жешки и провокативни парашања, како што доликува и името на емисијата.
А кога ќе се седне на жешко столче, мора да се дадат и жешки одговори на кои гостите секако доаѓаат подготвени за нешто слично.
За Катарина Ивановска веќе извесен период во медиумите се пишува дека повеќе не е заедно со својот партнер Цобе со кого има и две деца, а и тоа дека не чекала многу за да си најде нов маж во својот живот.
Тој нов наводно е претседателот на кошаркаркаската федерација на Македонија, Перо Антиќ. Дополнителен жар на оган е се почестата виртуелна интеракција меѓу Перо и Кики, односно ласкањето во коментари кое осамнува под објавите на Инстаграм.
Неодамна, во исто друштво во еден скопски ресторан се најдоа: Тамара Тодевска, сопругот Александар, Катарина и Перо, но фотографиите беа објавени одделно, но јасно беше дека се дружеле на исто место и во исто време.
Сега на жешкото столче ја прашаа Ивановска дали дресот со број 6 и е омилен, а таа не баш сакаше да одговори и само кусо со симпатична насмевка рече: „Види, каде што има чад има и оган. Тоа е ха, ха, ха…“
View this post on Instagram
Дали ова беше индиректно навестување дека наскоро следи и директен одговор, останува да видиме…
Инаку, Перо Антиќ пред повеќе од две години се разведе од сопругата Ружица со која има три деца, а Катарина и Цобе не стапија во брак , но имаат две деца, син и ќерка.