Радио Милева „Моралните и духовни вредности се бесплатни“

Елена Велевска пред голем животен предизвик: Искрено проговори за принципите во изборот на нов партнер (фото)

Елена Велевска пред голем животен предизвик: Искрено проговори за принципите во изборот на нов партнер (фото)

Фолк пејачката Елена Велевска по вторпат беше гостинка во модното жири на емисијата „Живот со стил“ на Елена Стефановска, каде меѓу дргото проговри за својот љубовен живот, искуствата од пропаднатиот брак зад себе, но и за големиот животен предизвик со кој моментално е окупирана.

Водителката на почеток ја праша Велевска дали сега вака искусна е попретпазлива во изборот на партнер и на што се’ ја научил животот.

фото:елена велевска/фејсбук

-Генерално за се’ сум попретпазлива, а кога станува збор за изборот на партнер навистина не смееме да не прелажат одредени манири кои се спакувани во погрешна особа. Така да, помина времето кога си помлад и кога те лажат одредени парчиња на брендирана гардероба, а ги запоставуваше вистинските морални и духовни вредности кои се бесплатни, вели Велевска и продолжи со одггороот на прашањето дали е подготвена за нов маж во нејзиниот живот?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ELENA VELEVSKA (@evelevska)

-Се уште не сум подготвена на таков чекор. Најбитно во моменто е да се фокусирам на себе, работам на тоа да се преселам комплетно со дечињата во Скопје бидејќи гледам поголема перспектива и тоа е она со кое сум опседната во моментот. Сите работи треба да ги заслужиме во животот, се надевам дека ќе се појави таков што ќе ме заслужи мене, завршува пејачката.

За потсетување, Елена Велевска и Марјан Мирчески беа во брак од 2008 година и имаат три деца.

To top