Пејачот Никола Перевски, Пере од Нокаут при крајот на ноември стана татко по трети пат.
Тој на социјалните мрежи понекогаш знае да сподели некоја фотографија со најмалата наследничка и да покажа како го поминуваат времето заедно.
Така Пере и Софиа неодамна беа на првата заедничка прошетка низ центарот на Скопје, а гордиот татко не можеше да не одолее да го забележи овој момент со неколку фотографии кои ги сподели на социјалните мрежи.
Овој пат Пере објави нова фотографија од малата Софиа и покажа колку потпораснала наследничката.
„Самовилата Софиа“ напиша тој покрај фотографијата.
Инаку, Пере од првиот брак веќе ги имаат ќерките Михаела (21) и помалата ќерка Каја (13).