Радио Милева „Не знам како да ви се обратам“

По критиките за нејзиниот физички изглед и вишокот на килограми, се огласи Сања Тодоровиќ и откри што мисли за критиките на Ѓорѓе Давид

По критиките за нејзиниот физички изглед и вишокот на килограми, се огласи Сања Тодоровиќ и откри што мисли за критиките на Ѓорѓе Давид

Македонската кандидатка Сања Тодоровиќ во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“ доби многу критики за нејзиниот физички изглед.

Иако Сања ги доби сите шест гласови и доби пофалби за нејзиното пеење, членовите на жирито и упати негативни критки за вишокот на килограми потенцирајќи дека е недопустливо да изгледа така на 23 години.

– Недозволиво е да изгледате вака на само 23 години. Сè уште треба да работите на пеење, не сте доволно добри за да си го дозволите тој изглед. Ве молам, погрижете се, јас сум твој навивач – и рече Давид на Сања Тодоровиќ.

Maкедонската кандидатка сега одговараше на „Инстаграм прашања“ на нејзините следбеници.

Така некој ја праша што мисли за критиките на Ѓорѓе Давид, таа одговори:

„Не мислам за тоа“, стихови од песната „Мој драги“ на Анабела.

фото: принтскрин/инстаграм

Инаку, по нејзиниот настап, Тодоровиќ се огласи на својот Инстаграм и напиша:

„За првпат не знам како да ви се обратам. Пресреќна сум. Колку поддршка, колку убави зборови. Ви благодарам на сите од срце што знаете да препознаете. Сакам да знаете дека тоа допира до мене и ми значи повеќе од било кој друг коментар. Љубов до сите вас“.

фото: принтскрин/инстаграм

Исто така Сања ја прашаа кој е нејзин фаворит за победа, а таа откри дека е Мими Јовановска од Велес која го воодушеви жирито со своите вокални способности.

фото: принтскрин/инстаграм

Како Сања ќе се претстави во 5иот круг на „Ѕвездите на Гранд“ останува да видиме.

To top