Радио Милева ужасно

Не можеше да молчи: Актерката згрозена од коментарите на Ѓорѓе Давид за македонската кандидатка Сања Тодоровиќ

Не можеше да молчи: Актерката згрозена од коментарите на Ѓорѓе Давид за македонската кандидатка Сања Тодоровиќ

Во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“ големо внимание привлече македонската кандидатка Сања Тодоровиќ.

Имено, Сања која е под менторство на Јелена Карлеуша ги освои сите шест гласа и помина директно во следниот круг, но жирито и упати многу критики на нејзиниот физички изглед порачувајќи и дека се здебелила.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/nedopustlivo-e-na-23-godini-da-izgledash-vaka-zirito-ja-napadna-makedonskata-kandidatka-poradi-kilogramite-i-izborot-na-fustanot-foto/

Ѓорѓе Давид ја поткачи македонската кандидатка и истакна дека е недопустливо  на 23 години да изгледа како што изгледа.

– Недозволиво е да изгледате вака на само 23 години. Сè уште треба да работите на пеење, не сте доволно добри за да си го дозволите тој изглед. Ве молам, погрижете се, јас сум твој навивач – и рече Давид на Сања Тодоровиќ.

Овој кментар ја налути актерката Исидора Симијоновиќ која на својот Инстаграм сподели една објава од корисник во која пишува:

„Човек од 56 години и зборува на девојка од 23 години дека не изгледа вкусно. И ова секако се емитува на телевизија. Страшно“, пишува во објавата.

фото: принтскрин/инстаграм

Актерката освен што ја сподели оваа објава, таа даде свој коментар и напиша: „Ужасно“.

To top