Радио Милева Имала и кардиоваскуларни проблеми

Познатата српска актерка Светлана Бојковиќ хоспирализирана поради коронавирус – еве каква е нејзината состојба

Познатата српска актерка Светлана Бојковиќ хоспирализирана поради коронавирус – еве каква е нејзината состојба

Актерката Светлана Цеца Бојковиќ (73) е хоспитализирана во КБЦ „Драгиша Мишовиќ“ поради инфекција со коронавирус.

– Актерката беше хоспитализирана по ПЦР позитивен тест и има пневмонија, но е стабилна, не е на кислородна поддршка.

Задоволна од сите услови и од тоа како персоналот се грижи за неа. Нема посебни барања – вели изворот на „Курир.рс“.

фото:фејсбук/светлана бојковиќ

Актерката неколку дена беше во домашна изолација, а потоа беше хоспитализирана. Како што се наведува, бидејќи претходно имала кардиоваскуларни проблеми, била сместена во болницата.

Сопругот на актерката, Славко Круjeвиќ не е заразен, а тој за неа носи работи до влезот на болницата.

– Добро сум. Се надевам дека ќе излезам наскоро – изјави Цеца за „Блиц.рс“ по овој повод.

To top