Пејачката Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ во март претходната година станаа родители на син за кој го одбраа името Александар.
Тие секојдневно уживаат во заедничките моменти со синчето и во неговото растење.
Малиот Александар наскоро ќе наполни една година, а пејачката не толку често објавува фотографии од својот наследник.
Секој од семејството се труди да ужива со новиот член на семејеството. Па така освен Брена и Боба, како и родителите на Александра, со малиот Александар ужива и неговата баба Зорица Накиќ, односно мајката на Филип.
Александра во кусите приказни на „Инстаграм“ објави видео на кое Зорица се игра со малиот Александар.
Потсетуваме, Зорица Накиќ од бракот со Боба го има синот Филип, а од вториот брак со кошаркарот има две деца, синот Марио и ќерката Ива.