Радио Милева ги почитувал правилата, а се заразил

Сопругот на македонската пејачка од „Ѕвездите на Гранд“ е позитивен на коронавирус – еве како се чувствува

Сопругот на македонската пејачка од „Ѕвездите на Гранд“ е позитивен на коронавирус – еве како се чувствува

Пандемијата со коронавирусот се уште владее во светот, а речиси помина една година како се појави.

Многумина од јавните личност се соочија со коронавирусот, некои поминаа со полесни симптоми, некои со потешки, а за жал некои ја изгубија битката со Ковид 19.

Сопругот на македонската пејачка од „Ѕвездите на Гранд“, Елена Миленковска, Гуте Маринковиќ на социјалните мрежи објави дека имал некои симптоми и се тестирал, а резултатите покажале дека е позитивен.

„Ги почитував правилата, а изгледа дека нема правила. Сношти се тестирав бидејќи имав некои симптоми и тестот покажа дека сум позитивен“, напиша Гуте покрај фотографијата на која носи маска, а потоа откри како се чувствува.

фото: принтскрин/инстаграм

„Јас се чувствувам супер“, додаде тој.

 

фото: принтскрин/инстаграм

Засега, Маринковиќ не откри дали и Елена и синчето се тестирале и кои се резултатите.

Инаку, Елена оваа година се врати во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ и е во тимот на Александар Милиќ Мили.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/elena-milenkovska-vo-nov-obid-vo-dzvezdite-na-grand-zirito-ja-stavi-vo-neprijatna-situacija-kakva-ne-ni-zamisluvashe-video/

Потсетуваме, Елена и Гуте се запознаа за време на натпреварувањето во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ кога беа во групата чиј ментор беше Ана Бекута. На почетокот на претходната година парот заплива во брачните води, а во јуни го добија синот Максим.

To top