Младиот македонски пејач Огнен Здравковски неодамна гостуваше во ТВ емисијата „Гранд Магазин“, каде зборуваше за своите музички почетоци, но и за дружбата со српскиот пејач Саша Ковачевиќ и за тоа како започнала.
Огнен со водителката се трудеше да зборува на српски јазик, иако не му одеше баш флуентно. Она за што веднаш го започнаа разговорот беше како тој и Саша се зближиле откако Ковачевиќ за него гласал кога Огнен учествуваше во „Ѕвездите на Гранд“.
Огнен му се заблагодарил за дадените поени, а Саша му вратил во порака. Оттогаш почнале да се зближуваат, па денес Неделковски знае да присуствува и на пробите на Ковачевиќ за новот музички проект.
Тој појаснува дека Саша знае да му даде и совети околу кариерата.
-Јас немам што да ти кажувам за пеење, ти што и да пееш тоа го правиш фенименално брате, само ми кажа некои трикови, вели Огнен.
Во продолжение можете да ја погледнете целата емисија и останатите детали од македонско-српската пејачка дружба.