Водителката Александра Илиевска за првпат се реалзираше во улогата на мајка и на свет донесе девојче.
Среќните вести, Александра ги обзнани на социјалните мрежи откривајќи дека се породила пред неколку дена, а за својата ќерка го одбра името Сара.
„Кога соништата ќе станат реалност. Официјално е. Сара пристигна на 23.01.2021. Ви благодарам на сите што не опсипавте со подароци за бебето“, напиша водителката покрај фотографијата од соба полна со подароци и торта на која пишува Сара.
Под објавата се нижеа честитки како од нејзините колешки, така и од нејзините пријатели и следбеници.
Инаку, Александра поради својата бремност оваа сезона не е дел од кулинарското шоу „Брза кујна“, на нејзино место е водителката Сања Савеска.
Потсетуваме, Александра во 2016 година заплива во брачните води со сопругот Александар Илиевски.
Честитки, да е жива и здрава Сара.