Радио Милева газдарица во вистински смисол

Преслава од „Преспав“ стана милионерка: Актерката пријавила заработка од 1.198.000 лева само за 2018 и 2019 година, додека за 2020 податоците се’ уште не се објавени! (ФОТО)

Преслава од „Преспав“ стана милионерка: Актерката пријавила заработка од  1.198.000 лева само за 2018 и 2019 година, додека за 2020 податоците се’ уште не се објавени! (ФОТО)

Јана Маринова, која нашата публика ја запозна како газдарица Преслава од најгледаниот македонски ТВ ситком, хумористичната серија „Преспав“ можеби за многумина е изненадувачки, но е една од најбогатите во уметничкиот еснаф во Бугарија. Актерката, која исто така се занимава и со продуцентство, пријавила импресивни приходи во последните неколку години. Само за 2019 и 2018 година, кога започна да продуцира филмови, Јана пријавила 1.198 000 лева заработка. Податоците за изминатата 2020 година сè уште не се објавени, но се очекува да не бидат послаби за Маринова од финансиски аспект.

Само пред неколку дена, Јана се пофали дека нејзиниот последен филм „Диви и среќни“ е најгледаниот бугарски филм со вкупно 107.785 гледачи и заработка од  1.174.307 лева од  кино-благајните откако беше прикажана  премиерата на крајот на ноември 2019 година. Веројатно бројките ќе беа уште позавидни и поимпресивни  ако кината не беа затворени поради пандемијата на коронавирусот.

Значи, Јана не може да се жали на сиромаштијата и е всушност еден од ретките актери кои никогаш немале финансиски побарувања кон државата. Интересно е што таа заработува повеќе и од нејзиниот сопруг Тихомир Винчев, барем според Трговскиот регистар.

Тихо е сопственик на спортски комплекс и неговите официјални приходи покажуваат дека  се  неколку пати пониски од оние на Јана. Веројатно минатата година, Тихомир доживеа  сериозни проблеми, бидејќи спортските сали беа затворени и сериозно погодени од антиепидемиските мерки.

Иако продуцирањето е тешка работа, особено во Бугарија, Јана нема намера да се откаже од овој потфат. Веќе за време на првото тромесечие, таа започна да работи на нов проект, во кој ќе вткае приказни од нејзиниот личен живот. Филмот е во духот на феминизмот, кој го освои светот и особено Холивуд во последните неколку години, пишува Галерија.

Извор: HotNews.bg

Фото: Инстаграм принтскрин/yanamarinovaofficial

 

To top