Радио Милева ги претера сите граници

Славица Чуктераш поднесе пријава против личност која не престанува да и се заканува

Славица Чуктераш поднесе пријава против личност која не престанува да и се заканува

Пејачката Славица Чуктераш во полиција пријавила непознато лице кое на социјалните мрежи и упатило неколку пораки со заканувачка содржина.

Славица преку социјалните мрежи ги извести своите фанови дека случајот го пријавила во полиција и истакна дека анонимната личност и напишала дека би требало да ја убие.

„Бидејќи прави лажни профили и не престанува да ме малтретира сега полицијата ќе се занимава со оваа личност. Поднесена е пријава со сите пораки и закани“, пишува пејачката и додава:

„Како некој кој е јавна личност, јасно е дека постојат луѓе кои не ме сакаат, не ја сакаат моја музика, моите изјави кои не ги разбираат. Во ред е да не се согласувате со она што го претставувам, но секој кој ќе претера ќе добие пријава. Јас нема да се занимава со вас туку надлежните органи“, напиша Чуктераш.

To top