Промотер

Гоце Бошкоски – Чоки пее за нејзините „Бескрајни лаги“ (ВИДЕО)

Гоце Бошкоски – Чоки пее за нејзините „Бескрајни лаги“ (ВИДЕО)

Вчеравечер, 29 март, во радиоетерот е пуштена новата песна на прилепскиот пејач Гоце Бошкоски – Чоки, насловена “Бeскрајни лаги”. Гоце потекнува од музичко семејство, па токму неговиот татко, исто така познат прилепски музичар и сопственик на прилепското радио „Чоки 5 ФМ“ – Илија Бошкоски – Чоки е автор на музиката на новата песна на неговциот син, додека текстот е дело на Стеван Костадиновски, а за аранжманот се погрижил Славко Ристески. Снимањето на песната се одвивало во  “ProSound Music Studio”.

Ова е уште една музичка тема која претендира да биде хит и логично надоврзување на неговите претходни песни како што се „Ти благодарам“ или „Некој друг“. Инаку Гоце редовно има настапи по прилепските локали и клубови, нао и надвор од Прилеп, а во 2016 година беше еден од македонските преставници кои го минаа првиот круг на регионалното талент шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Во продолжение слушнете ја новата песна на Гоце – Чоки, насловена „Бескрајни лаги“:

To top