Радио Милева „Мојата Џиџи“

Вдовицата на Коби Брајант се огласи со емотивно писмо на една година по смртта на ѕвездата и нивната ќерка (фото)

Вдовицата на Коби Брајант се огласи со емотивно писмо на една година по смртта на ѕвездата и нивната ќерка (фото)

Наврши една година од трагичната смрт на славниот кошаркар Коби Брајант и неговата ќерка Џијана, а на својот Инстаграм профил по повод првата годишнина се огласи вдовицата на Коби, Ванеса Брајант.

Ванеса објави емотивно писмо од најдобрата другара на Џијана, Обри Калахан која на посебен начин се простила од неа.

„Денеска го примив ова прекрасно писмо од една од најдобрите другарки на Џијана, Обри. Те сакам, Обз (како што те нарекуваше мојата Џиџи). Ти благодарам премногу за прекрасните спомени кои ги сподели со мене за мојата Џиџи и што ми дозволи тоа да го споделам со сите на мојот Инстаграм“, напишала Ванеса.

„Мојата Џиџи беше неверојатна и ти благодарам на ова прекрасно писмо. Таа толку многу те сакаше. И мене многу ми недостасува моето бебе и мојот Коб-Коб. Никогаш нема да сфатам како можеше оваа трагедија да им се случи на толку убави, драги и неверојатни личности. Сè уште не делува реално. Коб, добра работа завршивме. Џиџи, мама секогаш ќе биде горда на тебе. Ве сакам.“

Обри, меѓу останатото, во писмото го напишала следното:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vanessa Bryant 🦋 (@vanessabryant)

„Драга г-ѓа Брајант,

Мојот ум постојано размислува за Вашата прекрасна ќерка. Нејзината насмевка и став ме тераат да бидам подобра. Веројатно сте го слушнале тоа, но ако некогаш станам мајка, се надевам дека мојата ќерка ќе биде иста како што беше Вашата. Таа знаеше кога имав лош ден и знаеше како да го подобри. Беше великодушна и секогаш ми нудеше грицки кога ќе ги заборавев моите. Оставаше белешки во мојот дневник. Беше неверојатна“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vanessa Bryant 🦋 (@vanessabryant)

„Во име на сите кои ја запознаа, можам да кажам дека нѝ го промени животот. Нејзините едноставни постапки нè направија подобри луѓе и верувам дека резултатите од тоа никогаш нема да престанат да се покажуваат“, заклучила Обри.

To top