Инфлуенсер и моделот на Инстаграм, Сара Кохан, повторно ги полни страниците на светските таблоиди, а како што е вообичаено, нејзината гола фотографија се погрижи за тоа! Австралијанката се најде во фокусот на јавноста како сопруга на славниот мексикански фудбалер Хавиер Хернандез – Чичорото, кој во моментов игра за американскиот клуб ЛА Галакси.
„Кога некој ќе ме праша која фотографија најдобро ме опишува“ – напишала оваа убавица во шеговитиот коментар. Инаку, голотијата не и претставува проблем на оваа русокоса дама, напротив – таа често објавува провокативни фотографии на кои или е како од мајка родена или носи минијатурни бикини.
Благодарение на нејзината извајана фигура, тенкиот струк, заоблениот задник и долгите нозе, нејзините фотографии го привлекуваат вниманието.
Сара студирала право пред да стане позната, но решила да ги замени своите книги и студиите со патувања низ целиот свет, па станала блогер за патувања.
Фото: Инстаграм принтскрин