Во текот на вчерашниот ден (21. 01.2021) полицијата упаднала во козметичкиот салон на Марија Булат, сопругата на пејачот Марко Булат, пишува курир.рс
За време на акцијата биле уапсени тројца мажи и една жена, а се покажало дека станува збор за Марија Булат. Запленети се и три автомобили.
Да потсетиме, Марко Булат и неговата сопруга Марија беа уапсени за наркотици пред нешто повеќе од 3 години во Црна Гора.
Марија тогаш тврдеше дека дрогата била за лична употреба, па полицијата поднесе само прекршочна пријава.
За време на испрашувањето во полициската станица, сопругата на Булат тврдела дека дрогата е нејзина и дека таа ги консумира. Против неа е поднесена прекршочна пријава бидејќи станува збор за мала количина наркотици.