Кија Коцкар има ново момче. Пејачката е во врска со Марко Гаѓански, менаџер на клубови и ресторани во Белград, пишува Информер.
„Кија и Марко се познаваат седум години. Се сретнуваа по клубови, а неодамна започна често да се слушаат и да се гледаат. Марко ја гледаше Кија во „Задруга“ и ја подржуваше, но дури претходната година и кажа за своите чувства, па падна и првиот бакнеж“ , вели извор и додава:
„Се уште не сакаат јавноста да дознае за нив бидејќи се почеток од врската. Се договорија на крајот на месецот да отидат на Златибор“, тврди изворот.
По тој повод се огласи и менаџерот.
„Кија ја познавам откако беше стујардеса. Пријатели сме, често се гледаме. Никој не знае што може да се случи и од пријателството да се роди љубов“, вели Марко.