Младата пејачка Антониа Гиговска неодамна се пофали дека ослабела дури 16 килограми со одреден начин на исхрана и секако физички вежби.
Потоа пак, се пофали со витката линија, но и дека тоа склучила моден ангажман како модел за одреден бренд на Инстаграм.

Откако и во Македонија падна снег, но и се задржа на планините, поголем број Македонци отидоа да се рекреираат на планина и да уживаат во зимската идила, а Антониа да го направи тоа, но и да искористи да позира на снегот и да се пофали дека ослабела дополнително и сега е на минус 19 килограми.

Облечена во тесен непесно син комплет од кој нозете беа разголени, а ја истакнуваше нејзината витка линија, Гиговска позираше заводливо на снегот.

Притоа, не пропушти на своите „Инстаграм приказни“ да потсети со споредба како изгледаше пред да ги намали килограмите. Од компарација заклучивме дека споредувајќи се себе си некогаш со самата себе сега, никој не може да се спореди толку добро со тебе, како ти со самиот себе!